Дома Фудбал Германија Германија на ЕУРО 2021 со нов селектор?

Германија на ЕУРО 2021 со нов селектор?

Германските медиуми сметаат дека времето на Јоаким Лев е завршено.

Поранешниот светски и европски првак има намера да го промени селекторот откако неодамна Германија во Севиља беше декласирана од Шпанија со 6:0.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Многумина германски легенди сметаа дека треба да се анализира се што се случувало во репрезентацијата на Германија, особено во последно време, но да не се брза со промените.

Меѓутоа, наводно од Германскиот фудбалски сојуз побарале од Лев дополнителна анализа, а некои медиуми јавуваат дека на наредната седница на Извршниот одбор може да дојде до промена на клупата на германската репрезентација.

Моменталниот селектор седна на клупата во 2006. година после заминувањето на Клинсман. Од тогаш играше финалер на ЕП 2008, го освои СП 2014 година, но последните две години Германија прилично падна. На Мундијалот во Русија испадна уште во групната фаза, а очајната форма продолжи и до денеска.

Извршниот одбор ќе се состане на 4. декември, а до тогаш Лев има доволно време да направи целосна анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Перез збесна по поразот, од мака нареди итна продажба на играч: „Само да замине што побрзо“

Реал Мадрид во саботата доживеа жесток удар во борбата за титулата. Тимот од шпанската пре…