Дома Фудбал Германец го менува Чави во Барселона

Германец го менува Чави во Барселона

Чави Ернандез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона, па веднаш започнаа шпекулациите за негов наследник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците веќе ја започнаа потрагата за нов тренер, а претседателот Жоан Лапорта инсистира следен тренер да биде Ханси Флик.

Германецот е без работа откако доби отказ минатата година од кормилото на германската репрезентација.

Германецот во минатото со успех го водеше Баерн Минхен, но не се прослави како селектор на Германија.

Сепак, во Барселона веруваат дека идеално ќе се вклопи во нивниот стил на игра, притоа е слободен и нема да имаат проблем да постигнат договор

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок од Аргентина: Се воведува правило кое можело да го спречи Меси да игра за репрезентацијата

Додека Лионел Меси ги води актуелните светски шампиони кон одбрана на титулата, рушејќи ре…