Дома Фудбал Гери Невил: Играчите на Ливерпул се како зомби

Гери Невил: Играчите на Ливерпул се како зомби

Тимот на Ливерпул е во сериозна криза и запиша четири порази по ред, а такво нешто не им се случило уште од 1923 година.

Ливерпул одлично ја започна сезоната, но поради големиот број на повреди тимот влезе во криза и во последно време ја загуби самодовербата.

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил упати жестоки критики и истакна дека играчите на Ливерпул изгледаат како зомби.

„Знаеме дека Ливерпул има многу проблеми со повреди, дека играат пред празни трибини, но за сите е исто.  Тука станува збор за недостаток на промени. Потребна е поинаква идеја. Играчите на Ливерпул делуваат изгубено, речиси како зомби на теренот. Само шетаат еден позади друг и исто размислуваат“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…