Дома Фудбал Англија Гери Невил во Манчестер Јунајтед играл само со двајца играчи од светска класа?!

Гери Невил во Манчестер Јунајтед играл само со двајца играчи од светска класа?!

Поранешниот десен бек на „црвените ѓаволи“, Гери Невил (43) помина 19 сезони на „Олд Трафорд“ и имаше прилика да игра рамо до рамо со едни од најголемите фудбалери на сите времиња.

Од Ерик Катона, преку Рио Фердинанд, па се до Вејн Руни, под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, пред најголемото дерби во Англија помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул кое се игра утре од 17:00 часот, Џејми Карагер откри што во една прилика му кажал Невил.

„Гери Невил во една прилика ми кажа дека во кариерата играл само со двајца играчи од светска класа“, пишува поранешниот играч на Ливерпул во својата колумна за „Телеграф“.

„Еден од нив бил Кристиано Роналдо, а вториот Шмајхел. За нив кажа дека се најзаслужни за успехот на Манчестер Јунајтед“, додава Карагер.

Многумина сигурно нема да се сложат со Невил бидејќи, јасно е дека Јунајтед на фудбалот му даде многу повеќе играчи од светска класа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…