Дома Македонски спорт Мак фудбал Генијално: ФК Овче Поле го „пецка“ Осогово пред утрешниот меч

Генијално: ФК Овче Поле го „пецка“ Осогово пред утрешниот меч

1

Живееме во време кога т.н социјални мрежи: Инстаграм, Твитер, Фејсбук…Имаат големо значење за секој клуб.

Социјалните мрежи денес можеби се и најдобриот показател за популарноста на еден клуб. Меѓутоа ваквиот начин на промоција се уште не е во целост прифатен од страна на нашите клубови или ако подобро сакате не е доволно разработен.

Кога сме кај работата и промовирањето на социјалните мрежи не можеме да не го споменеме клубот кој иако не е прволигаш во овој сегмент е еден од најдобрите во Македонија.Секако станува збор за ФК. Осогво.

Оние што следат македонски фудбал сигруно се добро запознаени со работата на овој клуб на социјалните мрежи, особено на Твитер. Без разлика што не се помеѓу најдобрите клубови во Македонија максимално се трудат да бидат блиски до фановите.

Активноста на ФК Осогово на социјалните мрежи ги поттикна и другите клубови да бидат активни, а пример за тоа е и денешниот „твит“ на ФК Овче Поле.

ФК Овче Поле на генијален начин го најави утрешниот меч со Осогово и преку Твитер го „пецна“ противникот.

„Овчото кисело млеко ја подобрува функцијата на стомачниот тракт кој може да биде предизвикан од тага, нервоза или тежок момент на пораз. Затоа на Осогово им приготвивме овчо кисело млеко за пост-утрешниот натпревар, со надеж дека ќе биде “стасано” до утре“.

Ова е само еден од серијата твитови со кои Овче Поле го „пецка“ големиот ривал.

Секако, следуваше и одговор на ФК Осогово

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гринвуд донесе победа на Јунајтед против Интер, Вулвс на пенали подобар од Сити (ВИДЕО)

Денес ривалите од Манчестер играа пријателски натпревари во кои остварија половичен учинок…