Дома Фудбал Генијалниот Мбапе направи нешто што не му успеало на никој претходно

Генијалниот Мбапе направи нешто што не му успеало на никој претходно

Килијан Мбапе е фудбалер кој го носи прекарот „новиот Пеле“ и има предиспозиции да стане еден од најголемите во историјата.

Мбапе и вчера против Андора во натпреварот во кој Франција победи со 4:0 се запиша во листата на стрелци. Со голот против Андорците Мбапе влезе во историјата.

На 30-тина метри од голот ја доби топката од Гризман и тргна кон голот при што два пати ја допре топката пред велемајсторски да го лобува голманот на Андора. Тој гол за Мбапе беше 100-ти во кариерата.

Мбапе така во најголем стил успеа во нешто што до неговата возраст не им успеало ниту на Меси, ниту на Роналдо.
Со само 20 години и 173 денови Мбапе постигна 100 гола во кариерата.

На Меси за такво нешто му беа потребни две години повеќе бидејќи до „стотката“ стигна со 22 години и 97 денови, додека на Роналдо му беа потребни 22 години и 356 денови.

Мбапе вака ги распореди првите 100 голови во кариерата: 27 за Монако, 60 за Пари Сен Жермен и 13 за Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …