Дома Останати Ракомет Гебдан правеше чуда, драмата со Кјелце заврши без победник (ФОТО)

Гебдан правеше чуда, драмата со Кјелце заврши без победник (ФОТО)

0

Вардар и Кјелце денес во драматичен натпревар одиграа 28:28.

Вардар имаше одличен старт на натпреварот и освен кога губеше 0:1 на самиот старт константно беше во водство.

Предноста изнесуваше 2:3 гола во првите 10-тина минути, а потоа црвено-црните стигнаа и до највисоки плус пет. Во тој момент следуваше еден пад во нашата игра и Кјелце успеа да направи серија од 4:0 и да дојде на 10:9.

Во следните минути гледавме изедначена игра, а Вардар успеваше да одржи предност од 1:2 гола се до 22-та минута кога Кјелце изедначи.

На пет минути до крајот Кјелце прв пат после водството на самиот старт дојде до предност од 14:15. Во следниот напад Вардар изендачи па следуваше еден период во кој четири минути не видовме погдок. По перидот без гол Вардар постигна два гола во серија и прими еден во завршните секунди за 17:16 на полувреме.

Вториот дел одново имаше сличен почеток и Вардар направи разлика од четири гола (21:17). Таа предност избраниците на Кокшаров не успеа долго да ја задржи па Кјелце до 40-тата минута изедначи на 22:22.

И во продолжение Кјелце започна да ја крева играта, а Вардар да паѓа, па со серија од 0:6 почнувајќи од 22:19 стигнаа до 22:25. На 12 минути до крајот Вардар го постигна првиот гол по кризата и намали на 23:25.

Тој гол значеше и крај на кризата на Вардар следуваа одлични минути на Калифа Гебдане и Вардар успеа да дојде на 24:25. Гебдане продолжи да брани одлично и во 23-тата минута во еден важен момент успеа да одбрани пенал на +1 за за Кјелце (25:26). И во продолжение Гебдане правеше чуда на голот, а Вардар конечно успеа да изедначи во 25-тата минута (26:26).

Како што минутите одминуваа стана јасно дека ќе влеземе во една драматична завршница. Скубе на две минути до крајот погодува за водство од 28:27, меѓутоа Кјелце изедначи веќе во следниот напад.

Гебдане на 12 секунди до крајот одбрани зицер и Вардар доби напад за победа. За жал во следниот напад не реализиравме, па на крајот конечниот резултат гласеше 28:28.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Се огласи Роналдо: Не сум добро, јас сум многу добро!

Кристиано Роналдо за прв пат пред медиумите се огласи по моментот од натпреварот против Ми…