Дома Топ вести Гвардиола спреми 100 милиони за Мусијала

Гвардиола спреми 100 милиони за Мусијала

Приоритет на Манчестер Сити следното лето ќе биде младата ѕвезда на Баерн Минхен и германската репрезентација, Џамил Мусијала.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


20-годишниот Мусијала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Неговиот договор со клубот истекува во јуни 2026 година, а Баерн му понуди нов договор и сака што побрзо да биде ставен потпис.

Сити работи на трансферот и преку менаџерот настојува Мусијала да не става потпис на нов договор, а следното лето ќе понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.

Мусијала е најголема желба на тренерот Пеп Гвардиола и „граѓаните“ сакаат да му ја исполнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…