Манчестер Сити на менаџерот Пеп Гвардиола уште една сезона ќе му дозволи да потроши огромна сума за трансфери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот тренер влегува во својата последна сезона на клупата на Граѓаните, а очигледно е дека сака да ја заврши на спектакуларен начин, па ќе му биде дозволено ова лето да биде меѓу главните на трансфер пазарот.
Така Гвардиола во овој преоден рок ќе има на располагање дури 300 милиони фунти, а предвидено е со тие пари да купи четири играчи.
Приоритет ќе му биде да донесе двајца централни дефанзивци. Пеп не е задоволен од моменталните и сака да ја засили одбраната, а со Граѓаните се поврзуваат голем број фудбалери, помеѓу кои Кулибали, Давид Алаба, Аке…
Исто така, потребна му е замена за Лерој Сане кој се пресели во Баерн, а четвртото засилување исто така ќе биде офанзивен фудбалер, евентуално напаѓач.
Гвардиола со сигурност ќе исполни некои желби за наредната сезона, а останува да видиме дали Сити може да го симне Ливерпул од тронот.