Дома Фудбал Гвардиола: Останувам и ако не исфрлат во четврта лига!

Гвардиола: Останувам и ако не исфрлат во четврта лига!

Во петок Манчестер Сити доби шокантна вест за суспензија од Лигата на шампионите во наредните две сезони.

УЕФА го казни шампионот на Англија поради кршење на ФФП (финансискиот фер-плеј) и лажирањето на документи за спонзорските договори во периодот од 2012 до 2016.

Секако дека ова е лоша вест за Сити, неиграњето во ЛШ во наредните две сезони може сериозно да го врати клубот назад, но Пеп Гвардиола е спремен да остане што и да се случи.

„Останувам тука без оглед на се. Дури и да не исфрлат во четвртата лига, јас ќе бидам тука. Ова е време во кое треба да се држиме заедно“, изјави Гвардиола за „Скај Спорт“.

Договорот на Гвардиоа истекува на крајот на сезоната 2020/2021. Сити во овој момент игра во осминафиналето и ќе се обиде да го освои најелитното клупско натпреварување со оглед на тоа дека е јасно дека Ливерпул ќе биде шампион во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…