Дома Фудбал Гвардиола „незадоволен“ од Халанд: Му реков да постигне пет гола

Гвардиола „незадоволен“ од Халанд: Му реков да постигне пет гола

Манчестер сити славеше со 6-3 против Манчестер јунајтед во осмото коло од англиската Премиерлига, при што хет-трик постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Халанд стигна до третиот хет-трик по ред во англиската Премиерлига и така испиша историја во најсилената лига.

Менаџерот Пеп Гвардиола беше презадоволен и одлучи да се пошегува со голгетерот.

„Му кажав да им даде пет гола. Тој точно знае што да прави на теренот“, изјави Гвардиола.

„Самодовербата ми е на високо ниво. Го загубивме второто полувреме и тоа воопшто не е добро, но сепак мислам дека можевме да постигнеме повеќе голови“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…