Дома Фудбал Гвардиола: Наша цел е да останеме втори во Премиер лигата

Гвардиола: Наша цел е да останеме втори во Премиер лигата

Во Манчестер Сити се помириле со тоа дека Ливерпул ќе биде нов шампион на Англија.

Математички не е завршено, но Пеп е свесен дека Ливерпул ќе биде новиот шампион во Англија. Едноставно предноста која ја имаат е недостижна.

„Мислам дека најубавиот трофеј е Премиер лигата и оваа година него нема да го освоиме. Не можевме да бидеме подобри. Освојувањето на Премиер лигата, Ла Лига или некој друг државен шампионат е најтешко. За жал сезонава има подобар тим од нас и ние сакаме до крајот да останеме втори“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити сепак има шанса за важен трофеј сезонава бидејќи се уште е во игра во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите без страв против Швајцарија: во Турново продолжува битката за Лига А

Македонија до 19 години по ремито со Северна Ирска ја чека пресметка со Швајцарија. Само п…