Дома Фудбал Англија Гвардиола за новата сезона и иднината на Бернардо Силва

Гвардиола за новата сезона и иднината на Бернардо Силва

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на пресконференцијата пред првото коло од Премиер лигата изјави дека очекува израмнета и тешка сезона.

„Имам чувство пред секоја прва пресконференција дека претстојната сезона ќе биде потешка од која било досега. Мислам дека новата сезона не може да биде потешка од минатата, но ќе биде. Секој клуб е засилен и затоа Премиер лигата е најдоброто првенство“, изјави Гвардиола.

„Имаме две сезони пред нас оваа година, една пред Светското првенство каде што не можете да ја освоите титулата, но можете да ја изгубите. Знаеме дека освоивме две титули со по еден бод и знаеме дека можеме да освоиме 12- 14 натпревари по ред, но тоа го може и Ливерпул. Затоа ќе биде многу важно да започнеме силно“, заклучи Шпанецот, кој на крајот беше прашан за иднината на Бернардо Силва.

„Би сакал Бернардо да остане тука, тој е посебен играч во тимот. Но, што и да се случи, ќе се случи. Ќе биде совршено ако остане, но ако замине, тоа ќе биде затоа што тој одлучил така“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави: Работиме на регистрација на играчите, имаме рок до два часа пред натпреварот

Денешната прес-конференција на Чави привлече големо внимание во Шпанија, бидејќи во Барсел…