Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Го одигравме најдоброто полувреме од кога сум јас тука

Гвардиола: Го одигравме најдоброто полувреме од кога сум јас тука

Манчестер Сити во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите како гостин славеше против Шахтјор со убедливи 0:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ украинскиот тим во целост го надиграа и триумфот можеше да биде и поубедлив, а од она што го покажаа играчите на Манчестер Сити задоволен беше и Пеп Гвардиола.

„Неверојатно. Првото полувреме беше најдоброто кое сме го одиграле во претходните три години, од кога јас сум на клупата. Бевме на ниво. Имавме многу шанси. После поразот од Лион притисокот беше голем, но сега сме во добра ситуација. Сега можеме сами да ја контролираме својата судбина“, изјави Гвардиола.

Познато е и дека Манчестер Сити е еден од тимовите кои се споменува како фаворит во Лигата на шампионите.

„До завршницата ве водат многу други работи. Одиме чекор по чекор. Мора многу коцки да ви се поклопат за успех во Лигата на шампионите“, потенцираше 47 годишниот стратег.

https://www.youtube.com/watch?v=4kX5z3YmunI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Државата помага Зидан да стане селектор!

Зинедин Зидан најверојатно ќе стане селектор на Франција и ќе го замени Дидије Дешан кој с…