Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за го донесе во Манчестер Сити својот сонародник Цеск Фабрегас во јануарскиот преоден рок.
Фабрегас оваа сезона не добива шанса од тренерот Антонио Конте, па готово сигурно ќе ја промени средината во јануари, а „граѓаните“ се спремни да ја искористат таквата ситуација и да го донесат во своите редови.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Медиумите тврдат дека Манчестер Сити по барање на Пеп Гвардиола е спремен да плати 20 милиони фунти, сума која би требало да ги задоволи апетитите на „сините“.
За Фабрегас се заинтересирани и други клубови ширум Европа, но тој самиот преферира да остане во Премиер лигата.