Дома Фудбал Англија Гвардиола го коментираше голот на Халанд: Неверојатно е тоа што го прави

Гвардиола го коментираше голот на Халанд: Неверојатно е тоа што го прави

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека неговиот тим одиграл одлично против Спарта Прага во Лигата на шампионите и го пофали акробатскиот гол на неговиот играч Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Одигравме добро. Не очекував дека ќе се бранат толку длабоко, на другите натпревари играа офанзивно, но сега се бранеа“, изјави Гвардиола.

Халанд беше двоен стрелец, а посебно го обележа натпреварот со неговиот акробатски гол.

„Видов кога топката влезе во голот. Неверојатно. Тој е толку висок и флексибилен, ми се допаѓа. Против Борусија Дортмунд постигна сличен гол пред неколку сезони, не знам кој беше потежок за реализирање.“, изјави Гвардиола.

Норвешкиот во Лигата на шампионите постигна 44 гола на 42 натпревари и со таа бројка на само 24 години се наоѓа на вечната листа. Рекордер тука е Кристијано Роналдо со 140 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Барселона денеска падна и најважниот потпис!

Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 год…