Дома Фудбал Гвардиола ги потврди лошите вести за „грѓаните“

Гвардиола ги потврди лошите вести за „грѓаните“

Од она што стравуваа го потврди Пеп Гвардиола…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека Бенџамин Менди, ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Најлошите прогнози беа потврдени, деталните прегледи покажаа дека Менди заработил повреда на лигаментите на коленото и дека можеби за него сезоната е завршена.

„Вестите не се добри. Менди ќе мора да паузира неколку месеци“, потврди Гвардиола.

Менди натпреварот против Кристал Палас го напушти во 18 минута, а се очекува него во наредниот период да го замени Данило.

Бразлиецот не се снаоѓа добро на таа позиција, но во овој момент веројатно тој е најдоброто решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…