Tимот на Вардар 1961 е пред ппоследниот предизвик за оваа година во Лигата на шампионите.
После добриот старт во елитното европско натпреварување Вардар е во сериозна криза од шест порази во низа, па сите во тимот посакуваат излез од таа криза в среда на гости кај ППД Загреб.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Анте Гаџа кој не можеше да му помогне на тимот против Кил се враќа во составот.
„За Вардар ова е последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година и затоа сите посакуваме добар резултат и со добро расположение да се вратиме во Скопје. ППД Загреб ја подигна формата и треба да бидеме многу сконцентрирани на овој натпревар. Знаеме дека играат цврста одбрана и можат секому да направат проблем“, изјави Гаџа.
Натпреварот помеѓу Загреб и Вардар се игра в среда во 20:45 часот.