Дома Фудбал Италија Гатузо проговори за доаѓањето на Ибрахимовиќ

Гатузо проговори за доаѓањето на Ибрахимовиќ

Денес главна тема на Апенините е сензационалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Серија А во дресот на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан е заинтересиран да го донесе Ибрахимовиќ на шест месеци, до крајот на сезоната.

Поради тоа, денес на пресконференцијата пред мечот со Олимпијакос, новинарите очекувано му го поставија тоа прашање на тренерот Џенаро Гатузо.

„Денес му е роденден, сакам да му го честитат роденденот на Ибра и му посакувам се најдобро. Ќе зборувам само за играчите што ги имам на располагање, за тоа прашајте ги Малдини, Леонардо и Паоло Скарони. Има 37 години, но се уште постигнува голови“, изјави Гатузо.

Раководството на „росонероте“ не ја исклучува можноста да го донесе напаѓачот на шестмесечна позајмица, бидејќи смета дека ќе биде корисен за тимот во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aртета веќе мисли на засилувањата, сака ѕвезда од 115 милиони евра!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, направи храбар чекор, лично упатувајќи се во намерите д…