Дома Фудбал Италија Гатузо: Милан ме плаќа дури и премногу!

Гатузо: Милан ме плаќа дури и премногу!

0

Џенаро Гатузо ја консолидира играта и резултатите на Милан откако седна на кормилото на италијанскиот гигант.

Гатузо беше играчка легенда на Милан па на почетокот имаше скепса кон неговите тренерски квалитети, но во последно време добива само пофални коментари.

„Луѓето мислат дека ова е стресна работа, но тоа не е вистина. Опуштен сум, но сега почнав да јадам помали оброци и повеќе трчам. Кога ќе повеќе од 100 килограми, а висок сте метро и жилет како мене, тогаш почнува да ви биде срам. Поради тоа морав да ги променам животните навики“, признава Гатузо.

„Милан ми даде мене повеќе отколку јас него, иако тоа што јас сум го допринел за овој клуб не е малку. Директорите Фасоне и Мирабели ми укажаа шанса да го водам овој тим, да не беа тие во клубот, немаше ни јас да седам на клупата. Парите не ме интересираат, не сум поради тоа во Милан, можеби дури и ме плаќаат премногу. Што се однесува до притисокот – навикнат сум. Цел живот сум под притисок, уште кога бев играч кога луѓето зборуваа како можам да играм за ваков голем клуб кога имам две дрвни нозе“, искрен беше Гатузо.


Следете го Sportski.mk и на


Гатузо е осми тренер на Милан во последните пет сезони, а минатото лето го продолжи договорот и заработува 2 милиони евра по сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јаховиќ направи глупост и заработи црвен картон против Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор Адис Јаховиќ направи несфатлив потег во натпр…