Дома Фудбал Италија Гатузо за ситуацијата со повредите: Нема да седиме и плачеме

Гатузо за ситуацијата со повредите: Нема да седиме и плачеме

Mилан е во големи проблеми пред дербито против Јувентус, а во овој момент на листата повредени на клубот од „Сан Сиро“ има дури десет фудбалери (тука).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стоперот Мусакио се повреди во вчерашниот натпревар после судирот со Франк Кеси на осум минути пред крајот.

„Знаејќи го Матео, тој ќе направи се за да заигра за викендот против Јувентус, но останува да ја следиме неговата ситуација“, изјави Гатузо.

Помеѓу останатите во натпреварот против Јувентус, Гатузо многу веројатно не ќе може да смета на Игуаин и Боновентура.

„Нема да седиме и плачеме. Ќе играме против еден од најдобрите клубови во Европа, нема да се предадеме во никој случај“, одговори Гатузо.
Милан и Јувентус ќе се сретнат во недела во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Иако е рано за дефинитивни заклучоци, вистинската драма ќе се одигра во последното коло. С…