Дома Фудбал Италија Гатузо е чудак: Разместувал новинари затоа што верувал дека така Милан повторно ќе победи!?

Гатузо е чудак: Разместувал новинари затоа што верувал дека така Милан повторно ќе победи!?

0

Tимот на Милан изгледа се подобро навивачите од почетокот на вториот дел на сезоната имаат голем оптимизам и се надеваат на влез во во топ 4.

Засега Милан е на четвртата позиција во Серија А, а добрите резултати почнаа да доаѓаат откако во клубот пристигнаа Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек. Бразилецот и Полјакот едноставно блескаат на почетокот на својата авантура во Милано.

Пред нивното доаѓање Џенаро Гатузо скоро и да дојде на работ на отказ, меѓутоа сега ситуацијата е стабилизирана и Гатузо повторно ја има довербата од раководството.
Секако, затоа најважната добрата форма на играчите, но за Гатузо има и нешто друго.

Ако досега не знаевме сега дознавме дека Гатузо е крајно суеверен човек.

Имено, пред натпреварот со Аталанта во италијанската Серија А двајца новинари забележале две слободни места и седнале на истите. Гатузо верувале или не успеал да забележи дека овие новинари не седеле на местото кае што седеле на претходната конференција.

Тогаш стратегот на „росонерите“ се одлучил да ги врати на нивните претходни места сметајќи дека тоа ќе му донесе нова победа во првенството.

Навистина ретко кој можеше да очекува вакво нешто познавајќи ја играчката кариера на легенардниот Гатузо.

Дали размесувањето на новинарите нема да биде попусто ќе дознаеме вечерва во 20:30 часот за кога е закажан натпреварот помеѓу Аталанта и Милан.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…