Дома Фудбал Италија Гатузо: Да не заборавме какви циркузи правеше овој тим!

Гатузо: Да не заборавме какви циркузи правеше овој тим!

Џенаро Гатузо дефинитивно го „препороди“ Милан и синоќа запиша голема победа на гостувањето кај Рома.

„Росонерите“ немаат пораз во 12 последователни натпревари и се приближија до местото кое води во Лигата на шампиони.

„Беше ова една тешка борба, доста се мачевме во првото полувреме, а во вториот дел пробавме да играме поразличен фудбал. Мислам дека Рома е добар тим и моравме да се бориме до самиот крај за да дојдеме до победа“, изјави Гатузо.

„Пресуден беше менталитетот и тоа што знаеме да страдаме во одредени моменти, а потоа да реагираме. Важно е тоа што овие момци многу работат во текот на неделата, а на терен се гледа тимската игра“, додаде Гатузо кој му порача на тимот да стои цврсто на земја.

„Ова е навистина голема победа, но треба да бидеме на земја и да не заборавиме какви циркузи правевме протув Беневенто и Верона. Овој тим вреди многу и можеше да направи повеќе оваа сезона. Знаев дека овој тим е квалитетн, но разликата ја прави менталната сила“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо отпиша еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид би можел на самиот крај од летниот трансфер период да остане без еден од своит…