Дома Фудбал Италија Гатузо го пронајде виновникот за поразот: Да станеше и потрчаше можеби немаше да примиме гол…

Гатузо го пронајде виновникот за поразот: Да станеше и потрчаше можеби немаше да примиме гол…

Екипата на Милан вчера забележа пораз во италијанското дерби против Јувентус (3:1), а еден играч посебно го налути Гатузо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан во поголемиот дел од натпреварот во Торино против Јувентус остави навистина добар впечаток, долго време имаше поволен резултат и беше многу блиску до победа кога во 55 минута Чалханоглу со удар од далечина ја погоди пречката од голот на Буфон.

После натпреварот, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо откри дека токму Чалханоглу го смета за еден од главните виновници за вториот гол на Јувентус.

„Бев бесен на Чалханоглу во еден момент, бидејќи кога ќе ја изгуби топката започнува да приговара. Не го сакам тоа. Седи на теренот и ги обвинува соиграчите…Да станеше порано од тревникот и потрчаше назад по топката, можеби немаше да го примиме вториот погодок“, објасни Гатузо.

„Имавме навистина добар настап, но не можам да бидам задоволен кога резултат на крајот гласеше 3:1. Никој нема да се сеќава како сме одиграле, важни се само бодовите“, истакна тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moдриќ е пред заминување од Милан, познато и каде може да продолжи!

Навивачите на Милан си замислуваа различен крај. Можеби почесниот круг околу “Сан Си…