Дома Фудбал Италија Гатузо во проблеми: Напаѓач ќе игра како бек!

Гатузо во проблеми: Напаѓач ќе игра како бек!

Милан утре му гостува на Арсенал во осминафиналето од Лигата на шампиони, но „росонерите“ се наоѓаат пред „невозможна мисија“ после поразот од 2:0 во Милано.

Додатни проблеми за Гатузо претставуваат и повредите играчи, па ќе има потешкотии при составување на тимот.

Имено, кај „росонерите“ се повредени Абате и Калабрија, а тоа значи дека Милан ќе патува во Лондон без десен бек, бидејќи од поодамна е повреден и Андреа Конти.

„Абате и Калабрија имаат мали повреди и ќе истанат во Миланело. Додека Конти се уште не е спремен за настап“, потврди Гатузо.

На позицијата десен бек Гатузо принудно за овој натпревар ќе го стави Борини, кој иако е крилен напаѓач, сепак може да одиговори и како бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Емери сака победа на домашен терен против Фенербахче

Астон Вила се надева на прва победа на Вила Парк оваа сезона во Лигата на шампионите проти…