Дома Фудбал Останато Гасперини или Алонсо: Аталанта и Леверкузен вечерва ќе водат битка за Лигата на Европа!

Гасперини или Алонсо: Аталанта и Леверкузен вечерва ќе водат битка за Лигата на Европа!

Сезоната во европскиот фудбал полека привршува, а вечерва фудбалерите на Аталанта и Баер Леверкузен ќе одлучуваат за првиот меѓународен трофеј од трите што ќе се доделат, а тоа е Лигата на Европа.

Стадионот „Авива“ во Даблин ќе биде домаќин на финалето на второто по ранг европско натпреварување, а на него ќе играат екипи кои зад себе имаат одлична сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баер Леверкузен во натпреварот влегува како нов германски шампион, а до титулата во Бундеслигата стигна на импересивен начин без пораз. Избраниците на Чаби Алонсо се без пораз и во останатите натпреварувања, па секако веруваат дека таа непобедливост може да потрае и по денешното финале.

Од друга страна Аталанта во Серија А избори пласман во Лигата на шампионите што секако за овој клуб е успех и големо достигнување, па можат да бидат задоволни. Во финалето не влегуваат како фаворити, меѓутоа сигурно ќе се обидат да изненадат.

Леверкузен сезонава нема пораз на 51 натпревар и има шанса да ја освои тројната круна (ги чека и финалето во германскиот куп).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…