Дома Фудбал Италија Газета: Милан договори трансфер на голман, Донарума може да замине

Газета: Милан договори трансфер на голман, Донарума може да замине

Италијанскиот гигант Милан од летоска ќе има нов голман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реномираната Газета дело Спорт пренесува дека управата на Милан го договори трансферот на  Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, кој оваа сезона се бори за титулата.

Мањан оваа сезона има 43 настапи за Лил и со своите партии на голот го привлече вниманието не само на Милан туку и на други големи клубови. Мањан претходно беше во ПСЖ, кој во 2015. година за само милион евра го продаде на Лил.

Медиумите во Италија пренесуваат дека се уште не е познато колку ќе чини трансферот, но голманот наводно прифатил да потпише петгодишен договор со Росонерите.

Неговото доаѓање веројатно ќе значи и заминување на Донарума, за кој Мино Раиола на сите начини се обидува да му пронајде нова средина. Донарума е дете на Милан, но очигледно е дека порано или покасно ќе го напушти Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …