Дома Фудбал Италија Газдата на Фиорентина: Киеза и Влаховиќ се во Јуве само поради пари

Газдата на Фиорентина: Киеза и Влаховиќ се во Јуве само поради пари

Газдата на Фиорентина, Роко Комисо изјави дека Федерико Киеза и Душан Влаховиќ потпишале за Јувентус „само поради парите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Комисо зборуваше за финансиската ситуација во неговиот клуб, па ги „пецна“ поранешните фудбалери на Фиорентина кои се преселија во Јувентус.

„Инвестирав многу пари во клубот и никогаш нема да имеме долг, но не можам да ви кажам кога ќе купиме нов фудбалер, затоа што фудбалерите се скапи.Не можеме да се натпреваруваме со англиските клубови, бидејќи тие имаат поголеми приходи. Зошто Влаховиќ, Киеза и Бернардески заминаа во Јувентус? Поради пари, а не поради љубовта кон дресот. Сите тројца добија многу пари од Јувентус“, изјави Комисо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова не се одбива: Павловиќ заминува во Премиер лигата

Сѐ е поизвесно дека Страхиња Павловиќ ќе ја замени Серија А со Премиер лигата. Српскиот ре…