Дома Фудбал Италија Газдата на Елмас: За две години ќе бидеме најдобри и во Италија и во Европа

Газдата на Елмас: За две години ќе бидеме најдобри и во Италија и во Европа

0

Претседателот на Наполи е познат како човек кој го кажува она што ги мисли, а сега немаше проблем јавно да истакне голема самоувереност во проектот кој го гради во Неапол.

Наполи минатата сезона на кормилото го доведе Карло Анчелоти и со тоа практично се започна проект со кој во Наполи се надеваат дека ќе стават крај на доминацијата на Јувентус во Италија.

Де Лаурентис во италијанските медиуми отворено порача дека очекува Наполи за две години да биде најдобар во Италија, но и во Европа.

„Реалноста не е како видео игра. Мора да имате детално разработен план, но и знаење истиот да го спроведете, дури потоа резултатот ќе дојде. Јас верувам дека мојот Наполи за две години ќе достигне највисоко ниво – ќе бидеме најдобри во Италија и во Европа“, самоуверено изјави Де Лаурентис.

Ќе потсетиме, Наполи ова лето го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој на почетокот во припремните натпревари прикажа одлична игра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина преку Португалија до пласман на ЕП, Роналдо и друштвото ќе се борат со Србија (ВИДЕО)

Вечерва на Олимпискиот стадион во Киев Украина ја пречека Португалија во натпревар од осмо…