Селекторот на Словенија кој дел од својата тренерска кариера помина и тука во Македонија за каде што тврди дека има најубав пречек, сега ситуацијата во Словенија ја опиша сликовито со тројца наши репрезентативци.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неодамна Словенија остана без Габер кој ќе го прескокне Европското првенство, а сега Вујовиќ се соочува со можно отсуство на Доленец и Хенигман.
„Габер навистина ги расипа нашите планови, а сега не сум сигурен ни дали би можел да сметам на услугите на Доленец и Хенигман. Иако се повредени, двајца од повредените сепак би можеле да патуваат со нас во Хрватска, но за тоа се уште не сме одлучиле. Ситуација во Словенија е еднаква на онаа кога Македонија би останала без Лазаров, Стоилов и Миркуловски“, објасни популарниот Вујо.