Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Овој Вардар денес не личеше на тимот од претходните три кола

Вујовиќ: Овој Вардар денес не личеше на тимот од претходните три кола

Вардар денес го претрпе првиот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите откако подобар од црвено-црните беше француски Монпелје со 25:31.

По натпреварот прес-конференција одржа тренерот Веселин Вујовиќ. Вујовиќ истакна дека Монпелје заслужено победи бидејќи бил подобар во сите сегменти од играта.

„Монпелје заслужено победи. Ниту еден момент не бевме блиску, не им париравме во ниту еден сегмент. Овој Вардар не личеше на тимот од претходните три кола. Монпелје доаѓа од една француска лига која е многу силна ,се покажа дека со право стравував пред натпревар. Жал ми е поради целата атмосфера. Ќе анализираме и ќе се обидеме да се подигнеме пред следните натпревари“, изјави Вујовиќ.

Како што споменавме за Вардар ова беше прв пораз откако претходно забележа две победи и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Зорица Блажевска: Навивањето Металург да згасне нема да помогне никому!

Денес Металург поради финансиските проблеми остана без уште еден француски ракометар. Отка…