Дома Фудбал Италија Вучиниќ за еден од најтешките моменти во кариерата: Не можам да го објаснам тој натпревар

Вучиниќ за еден од најтешките моменти во кариерата: Не можам да го објаснам тој натпревар

Мирко Вучиниќ даде интервју за „Скај Спорт“ во кое помеѓу другото зборуваше за еден од најтешките моменти во кариерата.

По тој повод зборуваше за најтешкиот најболен момент во кариерата кога со Рома го изгуби Скудетото во трката со Интер во 2010 година.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Интер и Рома водеа голема битка до самиот крај, а се сретнаа и во финалето на Купот. Интер прво ја победи Рома во првиот натпревар, а набрзо Рома изгуби од Сампдорија и тој пораз се покажа како клучен во трката за титулата.

„Тоа е болна рана која никогаш нема да ја заборавам. Не можам да го објаснам тој натпревар против Сампдорија, веројатно не ни беше судено“, призна црногорскиот напаѓач.

Вучиниќ зборуваше и за моментот кога во 2011 година премина во Јувентус кој ја започнуваше доминацијата во Италија која трае и денес.

„Конте нас не претвори во војници. Никој не ни даваше многу шанси, но успеавме цигла по цигла да го освоиме Скудетото. Клучен момент беше победата против Милан. Тие на хартија беа посилни, но кога ги победивме знаевме дека можеме да одиме до крај“, изјави Вучиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Каков потег: Додека сите протестираат, Модриќ покажа колку е голем!

Бурни се реакциите во шпанската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија…