Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед би можел да го одложи своето заминување од клубот за да помогне во именувањето нов менаџер, пренесува „Скај Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во април беше најавено дека Ед Вудворд ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на календарската година откако пропадна проектот за Суперлигата. Работите може да се променат после отказот на Солскјер.




Во текот на вчерашниот ден Солскјер и официјално беше отпуштен од клубот поради лошите резултати. Сега клубот е во потрага по нов менаџер, а за таа потрага е задолжен токму Вудворд.




Тешко е за Јунајтед во овој момент да се пронајде долгорочно решение, очекувањата се дека ќе пристигне некој кој би бил привремено решено до крајот на сезоната. И до тогаш Вудворд сигурно би бил во клубот.




Неговото останување би можело дополнително да ги разбесни фановите на Јунајтед бидејќи Вудворд е еден од најкритикуваните луѓе во клубот.