Дома Останати Кошарка НБА Времињата се менуваат: Само еден Американец во топ 5 во НБА

Времињата се менуваат: Само еден Американец во топ 5 во НБА

Aмериканскиот „ЕСПН“ направи нова листа на најдобрите кошарари во НБА лигата, а на неа се најде само еден играч од САД.

Некогаш домашните кошкаркари ја предводеа НБА и беа апсолутни ѕвезди во своите клубови, но повеќе не е така. Веќе две сезони во низа МВП на лигата е Србинот Никола Јокиќ, пред него беше Јанис Антетокумпо. Последен Американец кој беше најкорисен играч во лигата беше Џејмс Харден во сезоната 2017/2018.

Сега според листата на „ЕСПН“ во топ се: Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Џоел Ембид, Лука Дончиќ и Стеф Кари кој ја брани „честа“ на Американците.

Интересно е и што помеѓи најдобрите пет го нема еден од најдобрите на сите времиња, Леброн Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шредер повторно во Лејкерси

Денис Шредер ќе се обиде да ги поправи работите во Лејкерси каде што претходно не се просл…