Дома Фудбал Враќањето на Меси се одложува!

Враќањето на Меси се одложува!

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија од 4-то коло на Примера, кој на програмата е во сабота, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


32-годишниот Аргентинец се уште не започнал со целосни тренинзи со тимот, а се очекува тоа да го направи следната недела. Тој се здоби со повреда на 5-ти август и неговата рехабилитација се уште трае.

Меси се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а без него Барселона освои едвај 4 бода во првите три кола во Примера.

Меси сигурно ќе го пропушти мечот против Валенсија овој викенд, но можно е да се врати на терените против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите во вторник.

https://youtu.be/SHsFi4ln0qU
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историја: Досега невидена интервенција на ВАР технологијата на Светското првенство (Видео)

До натпреварот меѓу Америка и Парагвај немавме можност да видиме како функционира ВАР во с…