Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке категорично ги негираше информациите за евентуалното враќање во тимот на Хенрик Миктаријан.
Михтарјан ова лето инсистираше да биде продаден во Манчестер Јунајтед, но не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“, па медиумите почнаа да шпекулираа за негово евентуално враќање на „Сингл Идуна Парк“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Немаме намера да го враќаме Миктаријан. Секој интелигентен фудбалер треба да разгледа однапред каде и во каква средина оди да игра. Кога си на место каде што сè се развива добро за тебе, како што беше во Дортмунд, тогаш е навистина чудно да се откажеш од тоа, особено откако веќе си вложил многу работа. Во случајот со заминувањето на Миктаријан, тогаш тоа беше целосно решение на играчот“, изјави Вацке, кој истакна дека трансферот бил инициран од неговиот агент, Мино Раиола.
„Тој е интелигентен, но и бескрупулозен. Раиола следи одреден бизнис модел, за кој ние веќе бевме свесни. Во случајот знаевме што да очекуваме од него, но генерално тој беше искрен кон нас“, додаде директорот на „милионерите“.