Дома Топ вести Во Јунајтед убедени: Мурињо заминува и тоа поради Гвардиола!

Во Јунајтед убедени: Мурињо заминува и тоа поради Гвардиола!

mou

Помеѓу раководството на Манчестер Јунајде владее се поголемо убедување дека Жозе Мурињо наскоро ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Како што наведува „Тhe Sun“ директорите на Јунајтед се скоро сигурни дека Мурињо следното лето ја напушти клупата на „црвените ѓаволи“ и ќе премине во редовите на ПСЖ.

Иако официјалните информации говорат дека Мурињо е верен на Манчестер Јунајтед извори на „Тhe Sun“ тврдат дека „Специјалниот“ отворено „флертува“ со клубот од Париз и богатите сопственици.

Како причина реномираниот англиски весник ја наведува огромната финансиска моќ на ПСЖ која на Мурињо би овозможила создавање на супер-тим, иако ПСЖ и оваа сезона го има еден од најдобрите тимови во Европа, но наводно „специјалниот“ смета и дека Манчестер Јунајтед не ќе може да парира на градскиот ривал Манчестер Сити кој полека создава навистина моќен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за новата бразилска ѕвезда

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот бразилски напаѓач Јури Аберто. 20-г…