Дома Фудбал Англија Во Челзи никој не сакал да ја земе „деветката“ затоа што мислат дека е проколната!

Во Челзи никој не сакал да ја земе „деветката“ затоа што мислат дека е проколната!

Тимот на Челзи е во потрага по нов напаѓач, а германскиот стратег Томас Тухел истакна дека бројот 9 е слободен затоа што никој не сака да го земе.

Последен кој го носеше овој број беше Ромелу Лукаку, а неговите настапи во Челзи се само уште една причина повеќе за вакво верување. Пред Лукаку „деветката“ ја носеа Торес, Мората, Креспо, Игуаин и Фалкао. Ниту еден од овие играчи не ги исполни очекувањата.

„Луѓето тука ми зборуваат дека таа е проколната. Не е оставена од тактички причини, никој не сака да ја земе. Чекаме да дојде некој кој би сакал да ја земе. Изненадувачки е што никој не ја сака „деветката“. Во клубот ми зборуваат за сите кои не биле успешни и не сакаат да ја носат“, изјави Тухел.

Во Челзи најдобриот напаѓач во последните две децении беше Дидие Дрогба тој играше со „11-ка“, во добро светло се претстави и Диего Коста со „19-ка“ на грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да …