Дома Македонски спорт Во Хајдук разочарани: Трајковски пред заминување!

Во Хајдук разочарани: Трајковски пред заминување!

Како што стојат работите македонскиот напаѓач Александар Трајковски е пред заминување од Хајдук во летото кое следи, иако има договор до летото 2025 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на „Спортске Новости“ клубот планира промени кои не го вклучуваат Трајковски. Денеска беше сменет и претседателот Лукша Јакобушиќ, па на пролет е најавуваат промените во играчкиот кадар.

Од доаѓањето во Хајдук Трајковски вкупно одигра 300 минути на десет натпревари, па клубот наводно планира раскин на соработката.

„Трајковски има само еден гол сезонава, а од почетокот на ноември одигра само 21 минута во првенството. Не навлегуваме во висината на неговата плата, но со оглед на тоа колку одигра и што пружи, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“, стои во делот за македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…