Во моментите кога целата македонската јавност е насочена кон историскиот успех на фудбалскиот клуб, ракометарите на Вардар ќе ги започнат натпреварите на „Суперглоуб“ турнирот кој важи за неофицијално светско клупско првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што е добро познато, Вардар настап на овој турнир обезбеди со триумфот во Келн каде што ја освои Лигата на шампионите, ова е одлична можност вардарци да стигнат до нов трофеј и да бидат промовирани и како светски шампиони.
Вардар настапот на овој турнир го започнува против иранскиот претставник Гашаран, натпреварот започнува во 14 часот.