Доделувањето на „Златната топка“ вчера беше централно случување, но оваа иста вечер се доделени и наградите за најдобрите во италијанската Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Асоцијaтијата на фудбалери во Италија организираше церемонија на која се доделуваа наградите за најдобрите од минатата сезона, а очекувано најмногу награди завршија кај членовите на Јувентус.
Јувентус беше избран за најдобар тим во сезоната 2017/2018, а Масимилијано Алегри за најдобар тренер што и не зачудува поради доминацијата на „старата дама“.
Џанлука Роки е прогласен за најдобар судија. Најдобар млад играч од Серија Б е Сандро Тонали, додека голот на Мауро Икарди против Сампдорија беше прогласен за најубав.
https://www.youtube.com/watch?v=CzvxvYHWQsk
За најдобар голман беше избран поранешниот чувар на мрежата на Рома кој сега го носи дресот на Ливерпул, Алисон Бекер.
Во најдобриот тим за минатата сезона беа: Алисон, Кансело, Киелини, Кулибали, Алекс Сандро, Наинголан, Пјаниќ, Милинковиќ-Савиќ, Дибала, Икарди, Имобиле.