Дома Фудбал Во сенка на ЕП, Баерн преговара за два трансфери кои би можеле да бидат хит на преодниот рок

Во сенка на ЕП, Баерн преговара за два трансфери кои би можеле да бидат хит на преодниот рок

Мајкл ОЛИСЕ (22) од Кристал Палас и Хакан Чалханоглу (30) од Интер немаат апсолутно ништо заедничко на прв поглед.

Сепак, тие наскоро може да имаат клучен заеднички фактор. Имено, доколку се остварат најавите кои се појавија во медиумите, тие летово би можеле да станат соиграчи во Баерн.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот крилен напаѓач и турскиот централен играч за врска се во преговори со германскиот гигант. Дејвид Орнштајн, објави дека Олисе, кој го посакува половина Европа, се решил за Баерн и сега останува на клубовите да се договорат.

Се шпекулираше дека Палас би можел да бара обештетување од околу 55 милиони евра, но не е исклучено оваа сума значително да се зголеми. Останува да видиме колку Баерн е спремен да плати за Олисе.

Што се однесува до Чалханоглу, неговиот трансфер во Баерн го најавува турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу. Тој наведува дека Баерн и играчот се во контакт, дека Чалханоглу сака да замине во Германија, но и дека се уште нема официјална понуда која Баерн би можел да ја достави до Интер. Не е познато колку би побарал италијанскиот гигант за својот играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…