Вардар денес ги доби своите противници во Лигата на Европа помеѓу кои беше и норвешки Розенборг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од управата на норвешкиот клуб истакнаа дека се целосно разочарани од атрактивноста на групата во која се наоѓа и нашиот претставник.
„Нашите навивачи како и ние се надевавме на многу поатрактивни противници, можеме да го издвоиме само шпанскиот претставник Реал Сосиедад, додека Вардар и Зенит воопшто не се привлчени за нашите фанови. Ова не се клубови кои можат да го исполнат нашиот стадин, токму поради тоа ќе направиме се за да избориме пласман во наредната фаза“, соопштија од норвешкиот претставник.
Вардар првиот натпревар како што е познато ќе го одигра против Зенит на 14 септември.