Дома Фудбал Лига на шампиони Во Париз вечерва ќе играат двете најскапи екипи во светот

Во Париз вечерва ќе играат двете најскапи екипи во светот

ПСЖ и Манчестер Сити вечерва ќе се сретнат на „Паркот на принцовите“ во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Многумина со нетрпение го очекуваат вечерашниот дуел кој сигурно е еден од поважните во Лигата на шампионите. ПСЖ сака да им се одмазди на „граѓаните“ за минатата сезона кога ги исфрлија во полуфиналето од ова натпреварување.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова ќе биде натпревар на најскапите тимови во светот и на двете страни има фантастични фудбалери. Според „Трансфермаркт“ нешто поскап е тимот на Манчестер Сити кој има вредност од милијарда евра додека клубот од Париз во овој момент вреди 997 милиони евра. Само напаѓачкото трио на ПСЖ вреди 340 милиони евра.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Сити се иг ра од 21:00 часот, нашата анализа за овој натпревар можете да ја прочитате тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…