Дома Фудбал Италија Во најава голем трансфер: Пол Погба кажа „ДА“

Во најава голем трансфер: Пол Погба кажа „ДА“

0

Постои можност за време на квалификацискиот натпревар за ЕП помеѓу Турција и Франција да е договорен нов голем трансфер.

Прва ѕвезда во досегашниот дел од преодниот рок беше Еден Азар кој од Челси премина во Реал Мадрид, а Белгијецот може да го надмине Пол Погба.

Натпреварот од трибините во Турција го следеше спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици, кој според Кориере дело Спорт остварил контакт со Погба.

Претседателот и францускиот репрезентативец се сретнале после натпреварот, а играчот изразил желба за враќање во Торино.

Сепак, преговорите со Јунајтед воопшто нема да бидат лесни бидејќи Црвените ѓаволи за својата најголема ѕвезда бараат 150 милиони евра. Токму поради таа причина се очекува италијанскиот првак да “жртвува“ некој од своите ѕвезди.

Погба беше член на Бјанконерите од 2012. до 2016. година. Во последната сезона го носеше дресот со број 10, што според традицијата на торинскиот клуб тоа претставува голема чест, но носи и дополнителна одговорност.

Алтернатива за Погба е Миленковиќ-Савиќ кој со Јувентус наводно веќе постигнал договор.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…