Дома Фудбал Италија Во Наполи тврдат: Анчелоти е нашиот Фергусон!

Во Наполи тврдат: Анчелоти е нашиот Фергусон!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис го спореди тренерот Карло Анчелоти со легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Наполи е спремен да му предложи долготраен договор и да остане долги години на кормилото на клубот, исто како Фергусон на „Олд Трафорд“.

Фергусон го предводеше Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013 година и со „црвените ѓаволи“ освои неверојатни 38 трофеи.

„Избрав тренер кој го сака градот, го сака нашиот тренинг центар и е спремен да остане овде најмалку 8 години. Јас сакам ваков човек да го води Наполи цел живот. Како Фергусон во Манчестер Јунајтед. За мене тренерот треба да биде пример за целиот клуб“, истакна Де Лаурентис.

Трофејниот италијански стратег ја има првата сезона во Наполи, веќе ја загуби битката за Скудетото, но се уште е во трка за титулата во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ханси Флик не жали долго за Араухо, туку брзо најде замена во англиската Премиер лига

Фабрицио Романо синоќа објави познатото “Here we go” за позајмицата на Араухо …