Дома Фудбал Во Мадрид се зборува и за црни сценарија: Подобро целосна елиминација или играње во ЛЕ?

Во Мадрид се зборува и за црни сценарија: Подобро целосна елиминација или играње во ЛЕ?

Поразот од Шахтјор за Реал Мадрид донесе проблеми и отвори многу прашања. Во Мадрид се зборува и за црни сценарија па така се поставува прашањето што е подобр – целосна елиминација или настап во Лига Европа?

Во последно време Реал игра под очекувањата и бележи лоши резултати после вчерашниот натпревар против Шахтјор им се заканува елиминација од Лигата на шампионите уште во групната фаза што би било првпат во историјата на клубот. Ако се случи нешто такво нема да биде чудо доколку Перез го отпушти Зидан. Натпреварот против Мехнегладбах идната среда ќе биде клучен за иднината на Французинот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа иднината на Зидан не е единствената тема за која се зборува, тука се поставува и прашањето што е подобро. Дали Реал да биде целосно елиминиран од Европа или да продолжи да игра во Лигата на Европа? Во зависност од расплетот на настаните во оваа група сите опции се отворени.

Голем дел од навивачите на Реал сметаат дека ќе биде под нивото на Реал да игра во второто по ранг натпреварување. Тие тврдат дека освојувањето на Лига Европа не би било нешто многу позитивно за клубот и тие натпревари и патувања би можеле да направат само проблем во Ла Лига. За фановите најдобро во случај на елиминација од ЛШ е тимот на да се насочи кон што подобар пласман во домашното првенство.

Како и да е тоа се несаканите сценарија во прв план во Мадрид секако преовладува размислувањето за победа и пласман во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона можеше да заработи барем 50 милиони евра, но Флик стави „вето“

Ханси Флик повторно покажа дека има огромен авторитет во Барселона, а сега го докажа тоа с…