Дома Фудбал Во Барселона загрижени поради Тер Штеген

Во Барселона загрижени поради Тер Штеген

Првиот голман на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген се уште не тренира со тимот, што предизвика загриженост во клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голманот пред само неколку дена го напушти таборот на германската репрезентација поради повреда на грбот и поради тоа ги пропушти натпреварите против селекциите на Турција и Австрија.

После тоа се врати во Барселона со цел што побрзо да се опорави и да биде подготвен за клупските натпревари.

Сепак, тој се уште нема одработено никаков тренинг поради болките кои ги чувствува што го вклучи алармот во Каталонија.

Тамошните медиуми шпекулираат дека тој нема да биде во протоколот за мечот против Рајо Ваљекано, како и дека шанса ќе добие Ињаки Пења.

Но, тоа е вест која ги загрижува челниците на Барселона бидејќи се работи за стандарден голман и капитен на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо во солзи го освои првиот шампионски трофеј со Ал-Наср

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (41) не можеше да ги воздржи емоциите откако конечно го освои насловот …