Дома Фудбал Англија Во Арсенал наскоро „паѓа“ важен потпис

Во Арсенал наскоро „паѓа“ важен потпис

Фудбалерот на Арсенал, Бакајо Сака истакна дека е среќен во клубот и најави дека е блиску до потпишување на нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот на Арсенал, Микел Артета неодамна истакна дека очекува 20-годишниот англиски репрезентативец да остане во клубот. Во таква насока е и изјавата на Сака.

„Убеден сум дека сум посакуван тука. Ја чувствувам љубовта и поддршката од соиграчите, тренерот и навивачите“, изјава Сака.

Истакна и дека има одличен однос со Артета.

„Знам дека е тука секогаш за мене. Знае кога да разговара, никогаш не претерува, а не е ниту премногу одалечен. Советите кои ми ги дава се посебни и прават разлика“, изјави Сака.

Во минатата сезона Сака беше најдобар стрелец на Арсенал со 12 голови. Неговиот договор истекува за две години, а Артета сака да потпише нов затоа што долгорочно смета на Сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо ја краде главната желба на Барселона на најкритичната позиција?!

„Газета дело спорт“ ја објави информацијата дека Жозе Мурињо го сака Бастони и смета дека …