Дома Топ вести Во Англија тврдат: Ракитиќ се сели во Манчестер Сити!

Во Англија тврдат: Ракитиќ се сели во Манчестер Сити!

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ е на излезна врата од Барселона, а шпекулациите за негово заминување додатно се разгореа откако Луис Енрике не го повика за натпреварот против Виљареал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за Хрватот, а според англиските медиуми Ракитиќ во следните неколку дена би можел да направи трансфер во Манчестер Сити.

Гвардиола ќе пазари од својот поранешен клуб со цел да донесе вистинско освежување во тимот на Манчестер Сити кој не игра онака како што тој сака.

Притоа Ракитиќ никогаш не криел дека му се восхитува на Гвардиола и дека сака да работи со него, па медиумите тврдат дека таквите изјави се најголема причина за лошите односи со Луис Енрике.

Цената на Хрватот во моментов изнесува околу 40 милиони евра, сума која сигурно нема да претставува проблем за богатите „граѓани“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…